• среда, 10 јули 2024

Конференција „Конзервативни народни партии - градење мостови кон заедничка иднина во ЕУ”

Конференција „Конзервативни народни партии - градење мостови кон заедничка иднина во ЕУ”
Скопје, 6 ноември 2020 (МИА) - Конференција „Конзервативни народни партии - градење мостови кон заедничка иднина во ЕУ” ќе се одржи денеска во Скопје во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“. На конференцијата, како што најавуваат организаторите, видео обраќање ќе имаат официјалниот претставник на фондацијата „Конрад Аденауер“, Норберт Бекман-Диркес и потпретседателот на Групата на Европската народна партија во Европскиот парламент Пауло Рангел, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата за Албанците и Алтернатива, како и претставници од Демократската партија на Албанија и Демократскиот Сојуз на Косово. Настанот ќе биде организиран во согласност со сите безбедносни протоколи за заштита од коронавирусот на македонски, албански и англиски со обезбеден симултан превод. аа/ац/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан