• петок, 05 декември 2025

Конференција „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современ парламент“

Конференција „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современ парламент“

Скопје, 15 мај 2025 (МИА) – Во законодавниот дом денеска ќе се одржи конференција на тема „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современ парламент“.

На конференцијата, воведни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието Африм Гаши и амбасадорот на Швајцарија во Скопје, Вероник Хулман, додека, пак, главно излагање на тема „Градење дигитален парламент: Зошто е важна стратегијата за дигитална трансформација и дигиталните решенија на Собранието“, ќе има генералната секретарка на Собранието Марина Димовска.

Предвидени се и две панел дискусии насловени „Промени, лидерство, капацитет и инклузија“ и „Вештачката интелигенција и иднината на парламентарното управување - парламенти, отворени податоци и вештачка интелигенција“, на кои ќе има говорници од различни области во општеството. Конференцијата ќе ја затвори заменик-генералниот секретар на Собранието Бобан Стојаноски кој ќе говори во врска со следните чекори на Собранието. ра/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан