• петок, 22 ноември 2024

Конференција „Справување со нелиберални и евроскептични наративи, оддолу“

Конференција „Справување со нелиберални и евроскептични наративи, оддолу“
Скопје, 1 јули 2022 (МИА) - Евроскептицизмот и иднината на Европа и Западниот Балкан во контекст на војната во Украина ќе бидат теми на конференцијата „Справување со нелиберални и евроскептични наративи, оддолу“, која ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Центарот за европски стратегии - Евротинк, во соработка со Центарот за податоци и информации на Европската унија (EUi) на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На отворањето на конференцијата, како што е најавено, ќе се обратат евроамбасадорот Дејвид Гир, деканот на Економскиот факултет при УКИМ Предраг Трпески, ректорот на УКИМ Никола Јанкулоски и Димитар Николовски – извршен директор на Центарот за европски стратегии - Евротинк. Конференцијата се одржува во рамки на проектот „Справување со нелиберални и евроскептични наративи, оддолу“, поддржан од страна на Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA) во рамките на „Европа за граѓаните“ програма, кој има за цел да ги истражи нелибералните наративи и евроскептицирам во Северна Македонија, Словенија, Италија и Полска. Проектот се спроведува од Евротинк – Центар за европски стратегии, во партнерство со Факултетот за политички и општествени науки од Италија, Центарот за меѓународни односи при Факултет за општествени науки на Универзитетот Љубљана во Словенија, Јан Новак Језиорански колеџ за Источна Европа во Војновице, Полска. аа/сп/

Остани поврзан