• петок, 27 декември 2024

Конференција „Локална енергија и социо-еколошка агенда”

Конференција „Локална енергија и социо-еколошка агенда”

Скопје, 14 ноември 2024 9МИА) - Македонската платформа против сиромаштијата, денеска во Младинскиот центар Матично организира конференција на тема „Локална енергија и социо-еколошка агенда”.

На конференцијата ќе се дискутира за македонските наспроти европските искуства, споделување на успеси и предизвици за локални енергетски трансформации, бизнис моделирање на локалниот пазар на енергија, одржлива иднина, праведна транзиција, намалување на енергетската сиромаштија, вклучување на ранливите граѓани, како и за зајакнување на заедниците. 

Предвидено е учество на експерти од Шпанија, Италија, Чешка, Белгија и Холандија кои се докажани професионалци во различни области (активни учесници во енергетскиот сектор, бизнисот, науката, финансиите, граѓанските организации). 

Конференцијата „Локална енергија и социо-еколошка агенда” е во рамки на проектот POWER UP, координиран од Energy Cities, финансиран од Европската Унија, а во соработка со Фондација Фридрих Еберт - канцеларија Скопје. 

Организаторите посочуваат дека конференцијата е уникатна можност да се чуе за активностите посветени на дефинирање и имплементирање на најсоодветени социјални бизнис модели, преку вклучување на енергетски сиромашни домаќинства и локално засегнати страни (општини, општествени организации, енергетски комунални претпријатија, граѓански енергетски заедници итн.), преку презентација на работата на проектните партнери во изминатите две години.са/

Фото: Македонската платформа против сиромаштијата

Остани поврзан