• понеделник, 23 декември 2024

Конференција „Демистифицирање на (не) соседските односи на патот кон ЕУ:Случајот на Северна Македонија и Бугарија“

Конференција „Демистифицирање на (не) соседските односи на патот кон ЕУ:Случајот на Северна Македонија и Бугарија“

Скопје, 21 февруари 2023 (МИА) - Завршна конференција „Демистифицирање на (не) соседските односи на патот кон ЕУ: Случајот на Северна Македонија и Бугарија“, ќе се одржи денеска во организација на Евротинк – Центар за европски стратегии - Скопје.

Како што е најавено, поздравни обраќања ќе имаат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, советникот во Амбасадата на Канада Дејвид Морган и Димитар Николовски, извршен директор на ЕВРОТИНК-Центар за европски стратегии. Тие во рамки на првиот панел ќе се осврнат на улогата на ЕУ во односите на Северна Македонија и Бугарија.
Вториот панел кој е насловен: „Патот напред” ќе биде отворен од Стефан Дечев универзитетски професор на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски” во Благоевград, Димитар Атанасов од Институтот за етнологија и фолклорни студии со Етнографски музеј, проф. Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје и Љупчо Петковски, политиколог од Евротинк- Центар за европски стратегии. вг/бак/

Остани поврзан