• среда, 04 декември 2024

Конференцијата „Зелени иницијативи, одржливи заедници“

Конференцијата „Зелени иницијативи, одржливи заедници“

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Демократската обнова на Македонија – ДОМ, во соработка со НВО „Зелена планета за сите“ и зелените од Данска, денеска во Скопје организираат кКонференција „Зелени иницијативи, одржливи заедници“, која има за цел да ги обедини експертите и активистите кои преку зелени политики и иновативни решенија работат за одржлив развој на локалните заедници. 

На конференција ќе присуствуваат и панелисти од „Заједно“ од Србија, кои ќе зборуваат за тамошните искуства во оваа област. Конференцијата ќе служи како платформа за размена на успешни практики од регионот и пошироко, односно од Данска, Србија и Македонија. Споделувањето на инспиративни искуства на овој начин претставува поттик за усвојување на добри практики кои би можеле да се пресликаат и во локалните иницијативи во Македонија посветени на заштита на животната средина и зеленото лидерство, наведуваат од ДОМ.

На конференцијата ќе се разгледуваат теми поврзани со улогата на зелените иницијативи на локално ниво и создавање зелени коалиции, кои се неопходни за долгорочни позитивни промени. Настанот има за цел да ја зголеми свеста за важноста на заедницата и поддршката на иновативни зелени решенија како основа за одржлив развој.са/

Фото: ДОМ

Остани поврзан