Конференциска лига: Шкендија го победи Арарат, Академија Пандев пред висок пораз во Полска
- Половичен успех на македонските екипи вечерва во Конференциската лига на УЕФА.

Скопје, 7 јули 2022 (МИА) – Половичен успех на македонските екипи вечерва во Конференциската лига на УЕФА.
Шкендија на „Тодор Проески“ во Скопје забележа победа над Арарат од Ерменија со 2:0, резултат постигнат уште во првото полувреме.
Стрелци на головите за тетовци беа Аденис Шала во 21. и Валмир Нафиу во 45. минута.
За разлика од Шкендија, Академија Пандев се наоѓа пред висок пораз на гостувањето во Гдањск кај Лехија. По 45 минути полскиот тим води со 3:0.
На овој меч од 8. минута имаше 30.минутен прекин поради тепачка меѓу себе на домашните навивачи. зс/