• четврток, 26 март 2026

Контроли во угостителски објекти во Куманово, изречени десет глоби

Контроли во угостителски објекти во Куманово, изречени десет глоби

Куманово, 4 јуни 2025 (МИА) -  Полицијата и Државниот пазарен и инспекторатот за труд извршија контрола во кумановски угостителски објекти, изречени се седум глоби за правни и физички лица кои работеле спротивно од Законот за угостителство и три од Државниот инспекторат за труд, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово.

Контролата била спроведена претходната ноќ меѓу 20:00 до 4:00 часот на три угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово.

- При контролата, извршено е легитимирање на 15 лица, а од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се седум глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство и од страна на Државниот инспекторат за труд изречени се три глоби, соопшти полицијата. ам/мд/


Фото: МИА

Остани поврзан