• сабота, 22 февруари 2025

Конте: Наполи ќе биде сосема поинаков тим без Кварацхелија

Конте: Наполи ќе биде сосема поинаков тим без Кварацхелија

Неапол, 17 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на Наполи, Антонио Конте во пресрет на натпреварот од Серија „А“ против Аталанта изјави дека неговиот тим ќе биде поинаков без напаѓачот на заминување, Хвича Кварацхелија.

-Освоивме 47 поени, кои се резултат на многу напорна работа. Ако треба објективно да анализираме и да го споредиме овој тим со шампионскиот, недостигаат Квара, Ким, Осимхен и Зелински. Исто така, Марио Руи и Елмас. Секој може направи математика сега дали тимот е ослабен или посилен. Сега сме поинаков тим, со заминувањето на Кварацхелија сме сосема поинакви и мора да работиме уште повеќе. Затоа што знаеме дека само работата не држи на врвот и ние сме тимот кој најдолго се задржа на првото место. Подготвени сме да ги дочекаме следните 18 натпревари, прокоментира поранешниот селектор на Италија, цитиран од весникот „Газета дело спорт“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан