• петок, 04 октомври 2024

Конте избран за најдобар тренер за месец септември во Италија

Конте избран за најдобар тренер за месец септември во Италија

Рим, 3 октомври 2024 (МИА) - Наградата „Тренер на месецот“ во Италија за месец септември ќе му биде врачена на тренерот на Наполи, Антонио Конте, јавија италијанските медиуми.

Трофејот ќе му биде врачен пред натпреварот помеѓу Наполи и Комо во Серија „А“.

Наградата ја доделува жири кое ги оценува тренерите по спортско-технички критериуми како и квалитетот на играта.

-Од неговото пристигнување во Наполи, Конте ја пренесе на своите играчи својата филозофија, која се заснова на напорна работа, амбиција и победнички менталитет. Овој нов став му овозможи на Наполи веднаш да постигне позитивни резултати, оправдувајќи го изборот на претседателот да го донесе. Де Лаурентис врати во Италија еден од најуспешните тренери во светот, го коментираа од жирито својот избор за победник. дс

Фото: Архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан