• петок, 05 декември 2025

ПСЖ заинтересиран за Влаховиќ

ПСЖ заинтересиран за Влаховиќ

Париз, 16 јуни 2025 (МИА) – Актуелниот европски шампион ПСЖ е подготвен да го ангажира напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ. 

Според „Caught Offside“, францускиот клуб почнал да го следи Србинот на почетокот на 2025 година. Оттогаш, цената на евентуален трансфер е намалена, а негова реализација во текот на летото е сè пореалена.

Интерес за Влаховиќ пројавуваат и Арсенал и Манчестер јунајтед.

Влаховиќ на 41 натпревар за Јувентус во сезоната 2024/25 има постигнато 15 голови и пет асистенции. Неговиот договор истекува на 30 јуни 2026 година.

„Transfermarkt“ ја проценува вредноста на трансферот на играчот на 45 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан