Консултативна средба на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
- Во Парламентот денеска ќе се одржи консултативна средба на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Скопје, 5 февраури 2024 (МИА) - Во Парламентот денеска ќе се одржи консултативна средба на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.
Како што информира собраниската прес-служба, средбата има за цел основање и промовирање на Интерпартиското тело кое ќе се ангажира и заложува кон унапредување на статусот на еднородителските семејства, самохрани родители, девојки и жени од маргинализираните групи во Собранието на Северна Македонија.
Во телото ќе членуваат пратеници од постоечкиот собраниски состав од различни политички партии. мд/са/
Фото: МИА архива