• петок, 05 декември 2025

Конститутивна седница на Советот на Општина Лозово

Конститутивна седница на Советот на Општина Лозово

Велес,11 ноември 2025 (МИА)  - Во салата на Општина Лозово денеска се одржа Конститутивната седница на Советот на Општина Лозово, а  на која беа верификувани мандатите на осуммина од вкупно девет советници од кои тројца се од ВМРО-ДПМНЕ, двајца од СДСМ, еден од Левица, еден независен, еден од Турската партија  и еден од ЗНАМ.

Членот на Советот од ЗНАМ, Горанче Велков не е верификуван за советник затоа што неговата сегашна  функција е директор на ООУ „Методија Митески Брицо“ во Лозово и не дозволува да врши и друга функција како советник. На негово место за советник треба да се верификува вториот од листата на ЗНАМ.

Како што информира за МИА градоначалникот Бошко Цветковски, кој освои втор мандат и кој присуствуваше на денешната Верификациона седница, со седницата како најстар советник претседавала Сузана Јовановска Илиева, независен кандидат.

-Им го честитав верификувањето на мадатот на советници за наредните 4 години и ги потсетив дека сите ја имаа мојата изборна програма за проекти во општината за нередните 4 години. Затоа им посочив дека треба да се држат кон програмата и да ја поддржат на седница на Советот, со цел  да се реализира таа програма со проекти наменети за жителите, во интерес на подобар развој на Општина Лозово, посочи Цветковски.

Најави дека следната седница на Советот на Општина Лозово се планира за в петок.ад/вј/

Фото: Општина Лозово

Остани поврзан