• недела, 22 декември 2024

Конгресот расправа за реформа на законите за поседување оружје во САД 

Конгресот расправа за реформа на законите за поседување оружје во САД 

Вашингтон, 9 јуни 2022 (МИА) Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа изгласа нацрт закон за контрола на оружјето според кој се зголемува возрасната граница за купувачите на полуавтоматски пушки и забрана за продажби на полнење не поголеми од 15 куршуми. 

Во меѓувреме, во Сенатот денеска се прават напори од обете партии, демократската и републиканската, за усогласени закони со цел борба против вооруженото насилство во САД. 

Нацрт законот е изгласан по неодамнешните немили настани со масовни стрелања и масакри во Бафало, Њујорк и Јувалде, Тексас. 

Сепак, тој нема големи шанси да стане закон бидејќи во Сенатот, низ чиј филтер треба да помине, се дискутираат низа мерки како подобрување на програмите во областа на психичкото здравје, зацврстување на мерките за безбедност во училиштата и засилени проверки при продажбата на оружјето. 

Нацрт законот е можност за демократите во Конгреост да ги претстават своите позиции во пресрет на изборите во ноември. 

Навидум бескрајниот циклус на масовни убиства во САД ретко резултира во акција од Конгресот.  

Ноубиството на 19 деца и двајца наставници во нападот во училиштето во Јувалди поттикна нови напори кај законодавците да се дискутира, и тоа жолчно и со искази на сведоци и родители на загинате деца кои станале активисти, за потребата да се воведе посилна контрола за поседување и употреба на рачно оружје. кб/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан