• петок, 17 мај 2024

Комплетирано првото коло на Европското првенство за фудбалерки

Комплетирано првото коло на Европското првенство за фудбалерки
Манчестер, 11 јули 2022 (МИА) - Со одигрување на двата натпревари од Д-групата синоќа се комплетира првото коло на Европското првенство во фудбал за жени кое се одржува во Англија. Во првиот дуел, во Манчестер, Белгија и Исланд одиграа нерешено 1:1, додека Франција со убедливи 5:1 ја совлада Италија на средбата одиграна во Ротерам. Денес ќе биде отворената втората рунда со натпревари од А-групата: Австрија – Северна Ирска (почеток 18 часот) Англија – Норвешка (21 часот). зс/

Остани поврзан