• сабота, 23 ноември 2024

Компанијата „КИЕЛ“ ќе добие државна помош за проширување на инвестицијата

Компанијата „КИЕЛ“ ќе добие државна помош за проширување на инвестицијата
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Владата на денешната 102 седница ја усвои информацијата за предлог договор за доделување државна помош на Друштвото за производство на внатрешни компоненти „КИЕЛ Македонија“ ДООЕЛ - Желино и донесе одлуката за давање согласност за договорот. - Согласно деловниот план којшто се однесува на реализација на инвестициски проект во ТИРЗ Тетово за производство на седишта за автобуси и возови, како што информираше Министерството за економија, друштвото се обврзува да инвестира износ од 9.291.750 евра во денарска противредност, пришто ќе вработи најмалку 150 нови вработени, до датумот на завршување на инвестицискиот проект (31 декември 2025 година), соопштија од владината прес-служба. см/сп/

Остани поврзан