• петок, 22 ноември 2024

Комитетот за координирање и управување со кризи ќе има седница за состојбата со пожарите

Комитетот за координирање и управување со кризи ќе има седница за состојбата со пожарите

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) -  Кризната состојба со пожарите на отворено кои зафатија делови од државата ќе биде разгледана на седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи што утрово ќе се одржи во Центарот за управување со кризи.

ЦУК извести дека со седницата ќе раководи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и ќе присуствуваат членовите на Комитетот: Александар Николоски - вицепремиер и министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски - министер за надворешни работи и надворешна трговија, Владо Мисајловски - министер за одбрана и Арбен Таравари - министер за здравство, како и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности - Стојанче Ангелов.

На седницата ќе присуствуваат и Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, и Здравко Трајанов, директор на ЈП „Национални шуми“. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан