Комисијата за родова еднаквост во спортот ќе ја презентира програмата за работа за 2022 година
- Комисијата за родова еднаквост во спортот (КРЕС) денеска ќе ја претстави Програмата за работа за 2022 година, чии приоритети ќе придонесат кон креирање на родово-еднакви политики и родова ста
Скопје, 20 октомври 2021 (МИА) - Комисијата за родова еднаквост во спортот (КРЕС) денеска ќе ја претстави Програмата за работа за 2022 година, чии приоритети ќе придонесат кон креирање на родово-еднакви политики и родова стандардизација во спортските субјекти.
Воедно ќе бидат објавени и идните програмски активности за унапредување на родовата еднаквост во спортот, а ќе говорат Даниел Димевски-претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Силвија Митевска-претседателка на КРЕС и Гордана Нацева, потпретседателка на КРЕС. свс/са/