• недела, 17 ноември 2024

Комеморација за жртвите од геноцидот во Сребреница ќе се одржи денеска во Меморијалниот центар Поточари

Комеморација за жртвите од геноцидот во Сребреница ќе се одржи денеска во Меморијалниот центар Поточари

Сараево, 11 јули 2024 година (МИА) - Во Меморијалниот центар Поточари денеска ќе биде одбележана 29-годишнината од геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, што го извршија српските сили во јули 1995 година.

Во Поточари денеска ќе бидат погребани посмртните останки на уште 14 идентификувани жртви од Сребреница.

Пред различни судови, повеќе од 50 лица се осудени за геноцид и воени злосторства во Сребреница, на вкупно 700 години затвор, меѓу кои и поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ и воениот командант на војската на Република Српска Ратко Младиќ.

Во 2007 година, Меѓународниот суд на правдата во Хаг донесе пресуда според која Војската на Република Српска изврши геноцид во јули 1995 година во Сребреница, која тогаш беше заштитена зона на Обединетите нации.

На 23 мај, Генералното собрание на Обединетите нации усвои Резолуција со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница.

Резолуцијата, меѓу другото, го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на осудените за воени злосторства. ссм/

Фото: архива

Остани поврзан