• сабота, 21 декември 2024

Комедијата „Барам причина за брак“ на градскиот театар од Винковци, Хрватска, пред кривопаланчани

Комедијата „Барам причина за брак“ на градскиот театар од Винковци, Хрватска, пред кривопаланчани

Крива Паланка, 30 септември 2024 (МИА) - Хит-комедијата „Барам причина за брак“ на градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ од Винковци, Хрватска, синоќа ја одушеви публиката во преполната сала на Националната установа Центар за култура, Крива Паланка.

Хрватскиот млад актерски тандем, Ведран Дакиќ, награден како најдобар млад актер во -Хрватска за 2023 година и Матеа Марушиќ наградена, најдобра млада актерка во Хрватска за 2021 година, гостуваше на третата фестивалска вечер од меѓународниот театарски фестивал во „Градот на културата“, со најновата претстава од оваа сезона: напната и интригантна едночинка што ги истражува приватните сложености на модерниот брак.

Комедијата беше вистинска потврда дека Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ годинава со најновите репертоар ако понуди од реномирани театри од земјава и Балканот уште еднаш го докажува епитетот на општината „Крива Паланка - Град на културата за 2024“, велат организаторите на фестивалот од Општина Крива Паланка.

На програмата на театарскиот фестивал денес е свеченоста за доделување на признанието лауреат на 16 издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ што му припадна на актерот Никола Ристановски и промоција на монографијата по повод 15 години театар во Крива Паланка, „Со театар до Балкан без граници“ од Гоце Ристовски.

Свечената академија е закажана за 13 часот, во сала за седници на Општина Крива Паланка, а промотор е Глигор Стојковски, поет, новинар, публицист. ид/нд/

Фото: Општина Крива Паланка 

 

 

Остани поврзан