• понеделник, 02 септември 2024

Коман останува во Баерн

Коман останува во Баерн

Минхен, 2 септември 2024 (МИА) - Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберле, објави дека крилниот напаѓач Кингсли Коман ќе остане во тимот.

Францускиот интернационалец беше баран од англиските клубови како и од Ал-Хилал. Прозорецот во Саудиска Арабија се уште е отворен, но самиот фудбалер ја одбил понудата на арапскиот клуб.

Баварците беа отворени да го продадат Коман, ја прифатија понудата на Ал-Хилал, но оставија Французинот да одлучи дали сака да замине без да го притискаат.

-Коман останува кај нас, потврди Еберле.

Понудата на Ал-Хилал беше вредна околу 35 милиони евра. дс

Фото: Архива

Тагови

Остани поврзан