• сабота, 21 декември 2024

Командантот на КФОР, Улуташ во Тирана

Командантот на КФОР, Улуташ во Тирана

Тирана, 30 септември 2024 (МИА) -  Командантот на мисијата на НАТО во Косово,  КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ денеска во Тирана се сретна со политичкото и военото раководство на Албанија, вклучително и министерот за одбрана Пиро Венгу и командантот на одбранбените сили, генерал-мајор Арбен Кинѓи.

Според медиумите, разменети биле мислења за повеќе прашања, меѓу кои "ситуацијата на Косово, регионалната стабилност, како и улогата на КФОР".

Во таа прилика, Улуташ го поздравил долгорочниот и вредниот придонес на Албанија во активностите на таа мисија. вт/

Остани поврзан