Командантот на копнените сили на ИДФ генерал Јадаи поднесе оставка од лични причини
- Командантот на копнените сили на израелската армија (ИДФ), генерал-мајор Тамир Јадаи поднесе оставка од лични причини, соопшти денеска израелската армија
Тел Авив, 3 септември 2024 (МИА) – Командантот на копнените сили на израелската армија (ИДФ), генерал-мајор Тамир Јадаи поднесе оставка од лични причини, соопшти денеска израелската армија.
Началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-полковник Херзи Халеви и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант ја прифатија оставката на Јадаи, истакнувајќи оти истата ќе во сила во наредните недели откако ќе се најде неговиот наследник.
- Јадаи сега ќе се пензионира, но подоцна ќе аплицира за важни позиции во израелската армија, се наведува во соопштението на ИДФ.
Генерал Јадаи беше на чело на копнените сили на израелската армија во изминатите три години. ми/
фото: МИА архива