• четврток, 26 март 2026

Колумбиски дисиденти киднапирале 29 припадници на безбедносните сили

Колумбиски дисиденти киднапирале 29 припадници на безбедносните сили

Богота, 7 март 2025 (МИА) – Во напад на колумбиските дисиденти ФАРК на две локации во провинцијата Каука, киднапирани се 29 припадници на колумбиските безбедносни сили, соопшти денеска Министерството за одбрана на земјата.

Инцидентите се случиле во Ел Платеадо, каде безбедносните сили спроведуваат повеќемесечна интервенција против вооружените групи и Ла Хациенда, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Колумбискиот министер за одбрана Педро Санчез изјави дека се идентификувани двајца киднапери, наводно дел од ФАРК, и дека во моментот на инцидентот биле облечени во цивилна облека и дека „користеле локалното население“ за да ја нападнат полицијата, пишува колумбискиот весник „Тиемпо“.

Се тврди дека милитантите на ФАРК му се закануваат на локалното население со казна или протерување од тој дел на Колумбија доколку не соработуваат во спречувањето на присуството на колумбиската армија на тие територии. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан