• недела, 22 декември 2024

Колумбиските герилци го ослободија таткото на Дијаз

Колумбиските герилци го ослободија таткото на Дијаз

Богота, 9 ноември 2023 (МИА) – Таткото на фудбалерот на Ливерпул, Рубен Дијаз, е ослободен по 13-дневно заложништво од бунтовниците на левичарската колумбиска Национална ослободителна армија (ЕЛН), јавија вечерва локалните медиуми.

Непознати лица ги киднапираа родителите на Дијаз минатата сабота во родниот град на колумбискиот фудбалер, Баранкас. Неговата мајка набрзо беше ослободена од војската, но по неговиот татко се трагаше со денови.

Ангажирани беа бројни полициски и воени сили, а во потрагата беа користени моторизирани единици, беспилотни летала, хеликоптер и авион со специјализиран радар. Колумбиските власти објавија дека Луис Мануел Дијаз го киднапирале припадници на ЕЛН, последната герилска група, која и натаму е активна во Колумбија, барајќи притоа негово „моментално ослободување“.

„Таткото на ѕвездата на Ливерпул е ослободен и е на пат кон градот Валедупар, на североистокот на земјата, во хеликоптер на армиските сили. Неговото семејство веќе ја слави оваа вест“, објави колумбискиот весник „ЕЛ Темпо“.

Герилците на колумбиската ЕЛН го предале Луис Мануел Дијаз на хуманитарна комисија составена од Канцеларијата на народниот правобранител, свештеник и претставници на Обединетите нации и Црвениот крст.

„Националната војска и Обединетите нации го потврдија ослободувањето на Мануел“, додаде истиот извор. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан