• понеделник, 23 декември 2024

Колева: Македонската економија е стабилна и развојна

Колева: Македонската економија е стабилна и развојна
Скопје, 21 јули 2021
Економските политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев даваат реални резултати потврдени со официјални економски податоци.
Според последните податоци од Државниот завод за статистика, просечната плата исплатена во месец мај изнесува 28.721 денари.
Тоа е зголемување од 8,8 отсто споредено со месец мај 2020 година.
Просечната плата забрзано се движи кон 30.000 денари, што дава за право да веруваме дека до крајот на мандатот ќе го реализираме нашето ветување за просечна плата од 36.000 денари.
И во време на пандемија и светска и здравствена криза, и во време на пост ковид периодот, растот на платите не стагнираше, туку тие продолжија да растат во сите сектори.
Покрај растот на просечната плата, бележиме и раст на извозот, рекордна економска активности во Индустриските зони и пад на невработеноста на историски најниско ниво.
Сето тоа се податоци кои покажуваат дека македонската економија е на стабилни основи, дека е развојна, динамична и конкурентна.
СДСМ е партија посветена на интересите на граѓаните, на унапредување на нивниот животен стандард.
Затоа, продолжуваме со мерки и политики кои градат силна и стабилна економија која носи шанса за сите.
Даниела Колева, пратеничка на СДСМ 
________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан