Колапинто го замени Дуан во тимот на Алпин
- Аргентинецот Франко Колапинто ќе вози за тимот Алпин во следните пет трки од шампионатот во Формула 1 наместо Австралиецот Џек Дуан, беше објавено денес.
Лондон, 7 мај 2025 (МИА) - Аргентинецот Франко Колапинто ќе вози за тимот Алпин во следните пет трки од шампионатот во Формула 1 наместо Австралиецот Џек Дуан, беше објавено денес.
Дуан (22) досега не успеа да освои ниту еден поен оваа сезона во Ф1 шампионатот.
Во соопштението се наведува дека Австралијанецот ќе биде резервен возач за тимот на Алпин во наредниот период.
Колапинто (21) ќе вози за Алпин од Големата награда на Емилија Ромања, која е закажана за 18 мај. Пјер Гасли останува прв возач на Алпин. дс
Фото: Архива