• среда, 25 декември 2024

Кодро повторно по само два натпревари отпуштен од селекторската клупа на БиХ

Кодро повторно по само два натпревари отпуштен од селекторската клупа на БиХ

Сараево, 21 септември 2023 (МИА) – Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина одлучи денеска да му врачи отказ на селекторот Мехо Кодро, кој на должноста остана само два натпревари, идентично како и во 2008 година.

Кодро седна на клупата на БиХ на почетокот на август на местото на Фарук Хаџибегиќ и ја предводеше репрезентацијата на натпреварите против Лихтенштајн (2-1) и Исланд (0-1) во рамки на квалификациите за пласман на ЕУРО2024.

За 56-годипниот Кодро тоа беше кратко враќање на селекторската должност на која претходно беше назначен и во 2008 година, кога, исто така, ја предводеше репрезентацијата на само два натпревари пред да биде отпуштен.

Медиумите во Сараево шпекулираат дека нов селектор на фудбалската репрезентација на БиХ би можел да биде легендарниот Вахид Халилхоџиќ.

Во квалификациите за пласман на ЕУРО2024 репрезентацијата на БиХ е на претпоследното место во групата Ј со шест бодови, 12 помалку од лидерот Португалија. ег/

Фото: Х

Остани поврзан