Ковачки до Борисов: Сликата што ги боли – бидејќи Македонија веќе не клекнува
- СООПШТЕНИЕ - Да не се лажеме – ова е уште една евтина, намерно исечена и тенденциозно интерпретирана фотографија, направена со јасна цел: да се претстави гест на учтивост како покорност. Но тие времиња завршија.

30 април 2025
Сликата што ги боли – бидејќи Македонија веќе не клекнува
Кога ќе ја видиме насловната страна од бугарски портал со зборовите „Мицкоски со длабок поклон пред Борисов“, првата мисла е неспорна – колку всушност им недостасува Заев.
Да не се лажеме – ова е уште една евтина, намерно исечена и тенденциозно интерпретирана фотографија, направена со јасна цел: да се претстави гест на учтивост како покорност.
Но тие времиња завршија.
Нема веќе коленичење, нема поклони, нема откажувања од себе.
Македонија никогаш погорда, цврсто чекори напред, работејќи да ги оствари само своите, а не туѓите интереси!
Македонија конечно води проактивна, самостојна и проевропска политика – но на македонски начин, со дигнитет.
И тоа ги боли!
Затоа што по години на слугување, конечно има држава што кажува „не“.
И секој пат кога се обидуваат вака ниско да го дискредитираат премиерот, само потврдуваат дека Мицкоски е проблемот за нивниот долгогодишен план на асимилација.
Нека си прават монтажи, нека си прават илузии – Македонија ќе оди напред.
А тие, како што рековме, ќе си останат тоа што се…
ЛИНК ОД ФБ ОБЈАВА:
https://www.facebook.com/share/p/1BWBypw9S1/
Драган Ковачкки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.