• недела, 22 декември 2024

Ковачевски: Информации и постапки на безбедносните служби не се коментираат на прес-конеференции

Ковачевски: Информации и постапки на безбедносните служби не се коментираат на прес-конеференции

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) -Не може да се споделуваат јавно информации од безбедносно - разузваначки карактер, вели премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање дали е запознаен со изјавата на бугарскиот министер Асен Василев дека колегите разузнавачи од Северна Македонија им дале информации дека руски свештеник врбувал македонски државјани.

-Не сум ја видел изјавата на бугарскиот министер, меѓутоа сите тие информации за кои што прашувате се дел од информации кои се на располагање на разузнавачки и безбедносни служби кои што не можат да се споделуваат на прес-конференции, рече премиерот Ковачевски прашан дали има инфомрмација кои се тие лица кои биле врбувани и дали се свештеници.

На дополнителното прашање како го толкува фактот што се уште Синодот на МПЦ-ОА не се произнел за ваквите тврдења, премиерот повтори дека  

-Јас ви кажав дека информации во однос на одлуки кои што се однесуваат на безбедноста во државата, согласно сите закони, вклучително и Законот за странци не можат да се коментираат на прес-конференции, туку тие се дел од информации и постапки кои се дел од работата на безбедносните разузнавачки и контраразузнавачки служби, рече Ковачевски на новинарско прашање.

Бугарскиот министер за финансии и копретседател на партијата Продолжуваме со промената, Асен Василев неодамна за бугарски медиуми изјави дека колегите од Северна Македонија им дале информации дека руски свештеник врбувал македонски државјани.

Агенцијата за разузнавање, во изјава за Телма, посочи дека протераниот руски свештеник работел на раздор во општеството. вг/са/

 

Остани поврзан