• недела, 22 декември 2024

Ковачевски: Прашањето на овие избори е Европа или изолација

Ковачевски: Прашањето на овие избори е Европа или изолација

10 март 2024

Прашањето на овие избори е дали ќе продолжиме по европскиот пат и ќе станеме европска држава со европски стандард или ќе се вратиме назад во изолација и во мрачното минато. Пред сите нас и пред граѓаните на претстојните избори е одлуката за иднината на државата, рече претседателот на СДСМ, вечерва на отворањето промотивен штаб на СДСМ во Струмица. 

-Со ДПМНЕ ја спуштаме главата и прифаќаме дека никогаш нема да биде подобро, таа достижна цел за европска иднина им ја препуштаме на некои други.  Се откажуваме од иднината. Со СДСМ продолжуваме да се бориме за она што го заслужуваме, не се откажуваме и на крајот победуваме. Тоа е разликата, рече Ковачевски.

Затоа, ве гледам сите вечерва и ви велам, нема откажување, одиме до крај, до победа, за Европска Македонија, додаде тој. Патот е трасиран, и нема враќање назад, потенцираше Ковачевски .
 
-Нашата борба за Европа е борба за подобар животен стандард, за повисоки плати и пензии, силна економија, развиено земјоделство. И ќе успееме, и ќе победиме! Затоа што граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на право, социјалната правда, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Струмица.

ДПМНЕ предлага да наведнеме глава, да чекаме во место, да не правиме ништо и да се откажеме од нашата европска иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Струмица на отворањето промотивен штаб на СДСМ.


-Гледам дека кога ќе почнам да зборувам за ЕУ, некои луѓе негодуваат.  Верувајте ми, јас ги почувствував  неправдите од различни претставници на ЕУ повеќе од сите овде и знам како се чувствувате. Човек во тешки моменти помислува и на откажување. Но, што тогаш? Кој е следниот чекор? Која е алтернативата? Можеме да одложиме, можеме да се сокриеме, да чекаме во темница уште 11 години како во времето на Груевски и да загубиме многу.  Токму ова го предлага ДПМНЕ. Да чекаме во место, да не правиме ништо, да се откажеме од нашата иднина, рече Ковачевски.
Тоа личи навидум лесно, ама на крајот цената ќе ја платиме прескапо. Ние, сегашните но најмногу идните генерации, потенцираше Ковачевски. 


-Идните генерации, нашите деца не само што ќе жалат, туку и ќе ни се лутат што сме дозволиле да загубат години, да немаат светла иднина, додаде тој.


Постои и друг начин. Не е лесен, но е пореален и дава вистинска надеж за суштински промени, рече Ковачевски додавајќи дека “СДСМ никогаш нема да се откажеме од тој пат,  затоа што тоа е вистинскиот пат кон подобра иднина.“ 


-Знам дека знаете, единствениот вистински начин да ја промениме нашата земја на подобро зависи од континуираните реформи кои водат кон членство во ЕУ.  Ова е единствената можна светла македонска иднина. Европската. Особено сега, кога дојдовме до последниот чекор. Затоа, ве гледам сите вечерва и ви велам, нема откажување, одиме до крај, до победа, за Европска Македонија, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Струмица.

СДСМ се бори за она што го заслужуваме, ние не се откажуваме од европската иднина. Нашата борба за Европа е борба за подобар животен стандард, за повисоки плати и пензии, силна економија, развиено земјоделство. И ќе успееме, и ќе победиме, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Струмица.


-Со ДПМНЕ ја спуштаме главата и прифаќаме дека никогаш нема да биде подобро, таа достижна цел за европска иднина им ја препуштаме на некои други.  Се откажуваме од иднината. Со СДСМ продолжуваме да се бориме за она што го заслужуваме, не се откажуваме и на крајот победуваме. Тоа е разликата. Затоа, ве гледам сите вечерва и ви велам, нема откажување, одиме до крај, до победа, за Европска Македонија. Патот е трасиран, и нема враќање назад, рече Ковачевски. 


Затоа што граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на право, социјалната правда, рече Ковачевски.


Затоа и предложивме кандидат за претседател со прогресивни политики и европска визија кој заедно со Владата ќе турка напред до полноправно членство во ЕУ, додаде тој.


-На граѓаните не им треба претседател кој ќе ја кочи земјата. ДПМНЕ сака граѓаните да се откажат од нивната иднина. Само со глас за СДСМ и Стево Пендаровски на овие избори обезбедуваме сигурна европска иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Во новата програма СДСМ ја зголемува поддршката за земјоделците. Ако од 2020 до 2024 исплативме 560 милиони евра во директни плаќања, за периодот 2024-2028 година, вкупниот буџет ќе го зголемиме на 750 милиони евра за земјоделците, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во Струмица. 


-Со ова очекуваме извозот од земјоделскиот сектор од сегашните 700 милиони евра да се зголеми на една милијарда и 250 милиони евра до 2028 година.  А со членство во ЕУ, пазарот од над 500 милиони жители ќе им го ставиме на дофат на сите земјоделци. Така, ќе имаат повеќе за себе, ќе има зголемено производство на земјоделски производи и храна, развиена економија и помалку увоз. Затоа е нашата борба за европска Македонија, рече Ковачевски.


Со политиките на СДСМ, станавме лидер во искористеност на ИПАРД 2 програмата, и затоа за ИПАРД 3 имаме повеќе пари за нашето земјоделство-100 милиони евра за европско земјоделство, потенцираше Ковачевски.


Владата предводена од СДСМ, за прв воведе авансна исплата на субвенции, 30% од основната субвенција, за земјоделците да имаат пари 
тогаш кога им се најпотребни за почеток на новите реколти, додаде тој зборувајќи за политиките на СДСМ во земјоделието. 
И овие субвенции се веќе исплатени на сметките на земјоделците, тоа се 16, 2 милиони евра за авансна исплата и плус исплата од тековните основни субвенции 22,3 милиони евра, рече Ковачевски.


-Денеска пуштивме во употреба нов капитален објект, брана Конско, вредна над 40 милиони евра.  Јас сум горд, што токму оваа огромна инвестиција, започна и завршува во периодот на Владата на СДСМ и ние така ќе продолжиме и во новиот мандат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Струмица.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ 


 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан