• недела, 22 декември 2024

Ковачевски од трибина на СДСМ во Неготино: Просечната плата ја покачиме до 39.000 денари, со СДСМ има повеќе за сите работници

Ковачевски од трибина на СДСМ во Неготино: Просечната плата ја покачиме до 39.000 денари, со СДСМ има повеќе за сите работници

Скопје, 22 декември 2023 

СДСМ на дело покажа дека го цени и вреднува трудот на работниците, денеска, просечната плата е речиси 39.000 денари, тоа е повеќе за сите, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски денеска на трибина Повеќе за сите во Неготино.

-Со СДСМ работниците добиваат повеќе. Денеска, просечната плата е речиси 39.000 денари, или точно 38.843 денари. Тоа се 630 евра. Просечната плата во 2016 година односно од време на ДПМНЕ досега СДСМ ја зголеми за над 270 евра, од 360 евра на 630 евра! Тоа е повеќе за сите!, рече Ковачевски.

Нашето ветување беше 500 евра и предвреме не само што го остваривме туку го надминавме, додаде претседателот на СДСМ. 

-Ова значи дека СДСМ успеал реалната куповна моќ на граѓаните да ја зголеми.  Нашата посветеност за економски просперитет и подобар животен стандард на граѓаните дава реален резултат.  И платите ќе продолжат да растат со СДСМ. А со членство во ЕУ, платите и пензиите ќе бидат за 70% поголеми од она што се денеска, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на трибината Повеќе за сите во Неготино.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан