• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски: За една година и три месеци инсталирани над 190 мегавати од ОИЕ

Ковачевски: За една година и три месеци инсталирани над 190 мегавати од ОИЕ

Скопје, 10 април 2023 (МИА) – Акумулираното знаење од времето кога бев во приватниот сектор направи кога дојдов за премиер да имаме комплетно променета регулатива во делот на инвестиции во обновливи извори на енергија (ОИЕ) и затоа од моето назначување на функцијата до сега, за период од една година и три месеци, во државата се изградени, инсталирани и веќе пуштени во употреба капацитети за производство на електрична енергија од ОИЕ со моќност од над 190 мегавати, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тоа, како што посочи, е повеќе од еден блок на РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во земјава. 

-Пред да станам заменик-министер за финансии бев 22 години во приватниот сектор. Сум ги водел двете најголеми компании во оваа држава, благодарение на кои сега имаме најголемо ниво на дигитализација и на достапност на ИП услуги во државата. Кога никој не знаеше или многу малку во државата знаеја за обновливи извори на енергија јас ја направив првата инвестиција во ОИЕ за производство на елементи за производство на електрична енергија од ОИЕ, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање по денешната промоција на првиот дигитален асистент во јавниот сектор АДА.

Тогаш, како што рече, ги советувал сите дека иднината е во ОИЕ.

- Се што сум правел во животот е транспарентно, рече Ковачевски. вј/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан