• недела, 22 декември 2024

Ковачевски: За година и половина пензиите ги покачивме за 24 отсто

Ковачевски: За година и половина пензиите ги покачивме за 24 отсто

Скопје, 18 октомври 2023 

Со новата методологија и трите усогласувања во 2002 и 2023 година пензиите за 333.000 пензионери вкупно ги покачивме за 24 проценти, за една и пол година досега вакво покачување немало, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на средба со пензионери од општина Карпош.

-Социјалдемократските политики за постојано  и континуирано зголемување на пензиите се влог во тоа да пензиите растат и да продолжат да растат и во иднина. Од септември 2022 година со новата методологија и трите усогласувања СДСМ ги зголемени пензиите за 24 отсто.  За една и пол година досега вакво покачување немало. И бројките тоа го потврдуваат, рече Ковачевски.

Тој направи споредба со драстично помалите висини на просечната и минималната пензија во времето на ДПМНЕ.

-Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари. Сега, во време на СДСМ, односно во март 2023 година просечната пензија изнесува околу 20.000 денари. Тоа е покачување од 40 отсто во време на мандатот на владите предводени од СДСМ. Во времето на ДПМНЕ пак минималната пензија беше 9.000 денари,  денес е 13.200 денари.   Тоа се 4.000 денари повеќе на ниво на минимална пензија месечно. Јас не мислам дека е тоа доволно. Секако. И работам да допринесеме уште повеќе.  Но, со системски решенија, СДСМ обезбедува постојан, континуиран раст на пензиите и пензиите само со СДСМ можат да продолжат да растат, реално, издржано и значително, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска на средби со пензионери од општина Карпош.

СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40 отсто во споредба со ДПМНЕ, нашата цел е да обезбедиме достоен и пристоен живот за секој пензионер, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на средба со пензионери од општина Карпош.

-Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари. Сега, во време на СДСМ, односно во март 2023 година просечната пензија изнесува околу 20.000 денари. Тоа е покачување од 40 отсто во време на мандат на СДСМ. Во времето на ДПМНЕ минималната пензија беше 9.000 денари,  денес е 13.200 денари.  Значи 4.000 денари повеќе со СДСМ на ниво на минимална пензија. Не мислам дека е тоа доволно и работам да допринесеме уште повеќе. Особено во времето во кое сите живееме, на глобална економска и енергетска криза, наша должност е да им обезбедиме пристојна старост на пензионерите и ние како Влада и како партија сме на тоа посветени, рече Ковачевски.

Обезбедивме стабилност на пензискиот систем и редовна исплата на пензиите за сегашните и за идните пензионери, додаде Ковачевски.

-Ние и достоинството на пензионерите го штитиме. Никогаш повеќе зголемувањето на пензиите нема да зависи од нечија политичка волја, туку тоа ќе се одвива на секој шест месеци како збир од проценти од официјални статистички податоци, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

 
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Фото: СДСМ

Остани поврзан