• сабота, 23 ноември 2024

Ковачевски - Галовеј: Обединетото Кралство останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Северна Македонија

Ковачевски - Галовеј: Обединетото Кралство останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Северна Македонија
Скопје, 20 јануари 2022 (МИА) - Скопје и Лондон имаат заеднички интерес Северна Македонија да обезбеди одржлива енергетска независност е заклучокот од денешната средба на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј.
Како што соопштуваат од Владата, премиерот Ковачевски на средбата ја изразил неговата благодарност, на Владата и на граѓаните на нашата земја за традиционалното пријателство на Обединетото Кралство. Тој потсетил дека Обединетото Кралство претседаваше со ЕУ кога нашата земја го доби кандидатскиот статус во 2005 година кога премиер на Обединетото Кралство беше Тони Блер и посочил дека народот на Северна Македонија ја памети таа одлука како една од најзначајните во процесот на нашата евроинтеграција.
Амбасадорката Рејчел Галовеј на средбата потврдила дека Обединетото Кралство останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Северна Македонија. Таа истакнала дека Обединетото Кралство е силен и долгогодишен партнер на Северна Македонија и ги поддржува нејзините аспирации да стане членка на Европската Унија.
- Ќе продолжиме да работиме заедно на просперитет на земјата во насока на економска соработка и ќе продолжиме да ја поддржуваме енергетската стратегија на Северна Македонија и нејзината посветеност за целосна и одржлива транзиција кон обновливи извори на енергија, посочила Галовеј, пренесуваат од Владата. ар/ац/

Остани поврзан