• понеделник, 25 ноември 2024

Ковачевски: Визионерството, одлучноста, тешките но храбри одлуки даваат резултат

Ковачевски: Визионерството, одлучноста, тешките но храбри одлуки даваат резултат
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Драго ми е што со претседателката Урсула фон дер Лајен зборувавме за иднината и за она што следи, за фактот дека македонскиот јазик и идентитет се осигурани и што имаме отпочнати преговори, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по потпишувањето на Договорот за Фронтекс на кој присуствуваше и претседателката на ЕК.
Тој посочи дека визионерството, одлучноста, тешките но храбри одлуки даваат резултат.
-Го потпишавме Договорот за Фронтекс, на македонски јазик без фусности и ѕвездички. Северна Македонија и Европската Унија заеднички го испорачуваат ветеното, ја зајакнуваме нашата соработка и одлучно чекориме по европскиот пат. Во мое лично име и во име на граѓаните, изразувам благодарност за поддршката од ЕУ за заеднички да ја надминеме и енергетската криза, но и да обезбедиме енергетска независност и енергетска трансформација, напиша Ковачевски на Фејсбук. дма/сст/

Остани поврзан