• среда, 27 ноември 2024

Ковачевски - Бјерде:  Зголемувањето на финансиската поддршка од Светската банка е резултат на нашето долгогодишно партнерство

Ковачевски - Бјерде:  Зголемувањето на финансиската поддршка од Светската банка е резултат на нашето долгогодишно партнерство

Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - Зголемувањето на финансиската поддршка од Светската банка е резултат на нашето долгогодишно партнерство, а новата стратешка рамка можност за забрзан економски раст на Северна Македонија, констатирале премиерот Димитар Ковачевски и извршната оперативна директорка на Светска банка, Ана Бјерде на денешниот состанок во Њујорк.

На средбата присуствувале и Нина Фити Неделковска, советник на Извршниот директор на нашата конституенца при Светска банка во придружба на премиерот, како и потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани.  

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата било поздравено 30-годишното партнерство на Северна Македонија со Групацијата Светска банка, преточено во финансиска и техничка поддршка која неминовно има огромен придонес во значајни сегменти на нашето оптштество и економија.

Премиерот Ковачевски по средбата со Ана Бјерде изјави дека разговарале за три исклучително значајни теми.

Првата, како што посочи премиерот, е за реализацијата на тековното портфолио кое што Светска банка го има во Северна Македонија, се работи за портфолио од 400 милиони евра проекти од кои што веќе се во фаза на реализација, а кои што се во делот на инфраструктурата, во делот на зајакнување на конкуренцијата, енергетиката итн.

-Втората важна тема е што разговаравме за новата стратешка рамка за соработка помеѓу Северна Македонија и Светската банка. Се работи за портфолио кое што во моментот се разговара и кое што е во износ двојно поголемо од она што сега го имаме како проекти во реализација и нормално дека главните аспекти на финансирањето на проектите ќе биде во делот на инфраструктурното финансирање, во делот на зајакнување на енергетските капацитети, заштита на животната околина, човечкиот капитал, како и подобрување на конкурентското опкружување за компаниите во државата, истакна Ковачевски.

Тој додаде дека третата тема за која што разговарарале била директната буџетска поддршка, согласно со политиките на Светската банка која што се однесува на финасирање на проекти, дел од буџетот а кои што се поврзани со значајни реформи во државата кои што тековно се реализираат и кои што се наоѓаат или во парламентарна процедура или во владина процедура со цел усовршување на сите аспекти на општеството во нашата држава.

-Морам уште еднаш да истакнам задоволство од овој навистина значаен состанок кој што уште еднаш го потврдува силното партнерство помеѓу Светската Банка и Северна Македонија, изјави Ковачевски по средбата.

Директорката Бјерде, како што е наведено во соопштението од владината прес-служба, изразила задоволство од силното долгогодишно патнерство со нашата земја, како и развојните резултати постигнати во годините на соработка. Оценувајќи го состанокот како искчучително корисен, Бјерде и Басани ја афирмирале континуираната поддршка на нашата земја. дма/ев/

 

Фото/видео: Влада на РСМ

  

 

Остани поврзан