• сабота, 23 ноември 2024

Ковачевски:  Димовски остави неизбришлива трага во синдикалното движење која ќе биде пример за посветена и успешна работа

Ковачевски:  Димовски остави неизбришлива трага во синдикалното движење која ќе биде пример за посветена и успешна работа

Скопје, 11 јуни 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски  изрази сочувство по повод смртта на Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Во објава на својот фејсбук-профил, претседателот на Владата посочува дека посветеноста на Димовски во борбата за правата на работниците беше исклучителна, а неговата вклученост во синдикалното и работничкото движење, како што вели, остави неизбришлива трага која и понатаму ќе е пример за посветена и успешна работа.

-Со огромна жал ја примив веста за прераната смрт на Дарко Димовски, претседателот на ССМ. Изразувам најдлабоко сочувство до неговото семејството, колегите и пријателите. Со неговата отвореност, прагматичност и подготвеност за дијалог успеа да направи историски исчекор и напредок кој и во годините кои доаѓаат ќе обезбеди подобар квалитет на живот за сите работници во државата. Слава му!, напиша Ковачевски.

Од Синдикатот информираа дека Дарко Димовски почина по кратко боледување на 45-годишна возраст. 

-Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство, соопшти денеска ССМ.фф/хс/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан