• среда, 06 декември 2023

Ковачевски-Викерс: Македонско-британските трговски односи се пример за регионот

Ковачевски-Викерс: Македонско-британските трговски односи се пример за регионот

Скопје, 27 септември 2023 ( МИА) -  Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска имаше средба со Мартин Викерс, специјален пратеник за трговија за Западен Балкан на премиерот на Обединетото Кралство.

-На средбата се разговараше за севупните македонско-британски односи, кои беа заеднички оценети како исклучително цврсти, долгорочни и сеопфатни, а  посебен фокус беше ставен на билатералната економска и трговска соработка, при што премиерот Ковачевски изрази големо задоволство што Обединетото Кралство е вториот најголем директен странски инвеститор во нашата земја, а нашата држава  е првиот трговски партнер на Кралството меѓу шестте земји од Западен Балкан, соопштија од Владата.

Премиерот Ковачевски ja поздрави работата на британските компании во државава и изрази задоволство од формирањето на Британската Бизнис социјација во Северна Македонија, истакнувајќи дека ќе придонесе кон натамошна промоција на трговските односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија и привлекување нови британски инвестиции во земјава.

-На средбата се разговараше за можностите за проширување на економската соработка и во други области. „Владата која ја предводам е посветена на зајакнување на трговијата и инвестициите, посебно во областите како енергетиката и инфраструктурата, оцени премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата го запозна британскиот трговски пратеник  и притоа се заблагодари за континуираната британска поддршка на Северна Македонија, рефлектирана преку соработка во многу полиња, а во насока на зајакнување на демократските капацитети и економскиот развој на државата.

Специјалниот трговски пратеник Викерс истакна дека Обединетото Кралство го препознава и поздравува придонесот на Северна Македонија во одржувањето и зацврстувањето на регионалната стабилност и безбедност, и во рамките на НАТО нагласи дека британската поддршка на Северна Македонија во европските интеграции ќе продолжи во различни формати, иако Обединетото Кралство не е веќе дел од Унијата. љм/са/

Остани поврзан