• четврток, 16 мај 2024

Книги од МНД-Битола за битолскиот Архив поводно за Светскиот ден на науката

Книги од МНД-Битола за битолскиот Архив поводно за Светскиот ден на науката

Битола, 10 ноември 2023 (МИА) - Македонско научно друштво-Битола, поводно за  Светскиот ден на науката подари дел од своите изданија на битолскиот Архив.

Од издавачката дејност на МНД-Битола издвоени се и подарени 50 наслови, книги чии автори се членови на Друштвото.

-Оваа  година Светскиот ден на науката го одбележуваме со подарување на дел од нашиот богат библиотечен фонд, на Архив на РСМ, Одделение во Битола. Станува збор за повеќе од 50-тина наслови чија тематика е Битола и околината, како и изданија од изминатите 30-тина година на списанието Прилози кое МНД-Битола го издава секоја година, а кои ќе бидат сместени во архивскиот оддел Збирка весници од Битола. Списанието Прилози изобилува со трудови чии автори се членови на МНД-Битола, како и други научни работници од нашата земја, а кои преставуваат една добра основа и извор на информации кои може да им бидат од корист на младите лица кои започнуваат со своја научно истражувачка дејност, истакна Невена Груевска, претседателка на МНД-Битола.

Подарените книги ги презеде раководителот на одделението на Архив во Битола, Гоце Стојановски. мт/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан