• недела, 24 ноември 2024

Кличко нејасен дали ќе го предизвика Зеленски на изборите следната година

Кличко нејасен дали ќе го предизвика Зеленски на изборите следната година

Киев, 22 февруари 2023 (МИА) – Виталиј Кличко, градоначалник на Киев и поранешен светски шампион во бокс во тешка категорија, не сакаше конкретно да каже дали ќе го предизвика украинскиот претседател Володимир Зленски на претседателските избори следната година.

- Кога земјата е во војна, кога голем дел од земјата е окупиран, кога десет милиони луѓе се надвор од земјата, политичкиот натпревар може да биде фатален за нашата земја, рече тој во интервју за германската новинска агенција ДПА.

Сега е време да се брани државата, рече Кличко, кој е градоначалник од 2014. Денес се работи за опстанок на Украина, а не за тоа кој владее со земјата. „Нашите граѓани плаќаат огромна цена за ова“, рече тој, непосредно пред првата годишнина од руската инвазија.

Потребно е обединување на сите политички сили, на сите политички партии, смета тој. „Ние стоиме под едно знаме: сино и жолто, нашето украинско знаме. За жал, ова не го разбираат сите, дури и овде во Украина, додаде тој.

Според него, приоритет е одбраната.

- Земјата мора да биде независна и суверена. Земјата мора да стане демократска. Јас си ја работам својата работа. Подготвен сум. Моето рамо е секогаш подготвено за секој патриот, секој бранител, рече Кличко.

На прашањето зошто не стои рамо до рамо со Зеленски, кој со своите 170 сантиметри е повеќе од 30 сантиметри понизок од Кличко кој е висок 201 сантиметар, поранешниот боксер рече: „Рамо до рамо, не можеме да го направиме тоа. Не оди со оглед на висината … се шегувам“.

Тој рече дека во моментов не размислува да го предизвика Зеленски.

- Но ако и требам на земјата, тогаш немам друг избор, изјави градоначалникот на Киев. јт/

Остани поврзан