Клиперси и Сакраменто го одиграат вториот по ефикасност натпревар во историјата на НБА
- Тимот на Сакраменто кингс ги совлада Лос Анџелес Клиперс рано утрово на гостински терен со 176:175.

Лос Анџелес, 25 февруари 2023 (МИА) – Тимот на Сакраменто кингс ги совлада Лос Анџелес Клиперс рано утрово на гостински терен со 176:175.
Екипите одиграа две продолженија и постигнаа вкупно 351 поен. Ова е втор натпревар со најголем број поени во историјата на НБА-лигата.
Најефикасен на натпреварот во победничкиот тим беше Малик Монк со 45 поени, кај домаќините Каваи Ленард постигна 44.
За Клиперси дебитираше Расел Вестбрук со 17 поени, 14 асистенции и 7 скока.
Најефикасниот меч во најсилната светска кошаркарска лига е средбата помеѓу Детроит и Денвер (186:184), која се одигра на 13 декември 1983 година. зс/
Фото: ЕПА