• четврток, 02 јануари 2025

Клиничка болница- Штип должи 160 милиони денари

Клиничка болница- Штип должи 160 милиони денари

Штип, 30 декември 2024 (МИА) - Штипска Клиничка болница годината ја завршува со долг од 160 милиони денари. Мирјана Ефтимова економист во Клиничка болница-Штип вели дека во моментов најголемиот им екон Центарот за тарнсфузиологија, а изнесува 30 милиони денари. Таа вели дека имаат доспеани долгови и за набавка на лекови и друг медицински материјал.

-Штипската Клиничка болница наследи вкупен долг од 190 милиони денари. Доспеани обврски имавме околу 160 милиони денари. Успеавме за овие четири до пет месеци, да ги намалиме за околу 30 милиони денари. Вкупниот долг сега е 160 милиони денари, а доспеаните обврски се 132 милиони денари. Најголем долг имаме кон Републичкиот завод за трансфузиологија, кој изнесуваше 40 милиони, но успеавме да го намалиме за 10 милиони денари, изјави Ефтимова.

Таа истакна дека болничкиот центар се очекува наредната година да има поголем буџет, а во 2025 година со работа ќе почне Ургентниот центар, ќе се работи и на модуларната болница, која е мета на крадци конечно и ќе се пренамени, а во неа ќе се отворат амбуланти за специјалистички прегледи. 

-Имаме инвестиции во градежни објекти. Таму спаѓаат Ургентниот центар. Предвидена е реконструкција на модуларната болница. Планирано е реконструкција на кровната конструкција на Инфективното одделение. Предвидени се инвестиции во медицински апарати, изјави Ефтимова.

За старите медицински апарати за сервисирање се потрошени околу 11 милиони денари, а пак за партиципацијата која ја плаќаат пациентите за лекување на некое од одделенијата, Клиничката болница е во загуба од осум милиони денари. вдј/сст/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан