• сабота, 16 ноември 2024

Кичеец бил излезен од затворот со потребната медицинска документација, изјави Заев

Кичеец бил излезен од затворот со потребната медицинска документација, изјави Заев
Скопје, 7 септември 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска повтори оти директорот на Управата за извршување санкции го информирал оти Зоран Милески Кичеец ја имал целата потребна медицинска документација за да му бидат дадени триесет дена за лекување. Доколку некој има поинакви информации, рече Заев, тогаш треба тие да се објават. -Сите треба да бидеме еднакви по закон и на сите ни следуваат еднакви обврски и ни следуваат еднакво и правата. Не ги знам деталите навистина. Вие ми кажувате дека требало седум дена, јас знам дека има медицинска документација, информиран сум од директорот на Управата за извршување на санкции. По самите документи законот е јасен. Веднаш може да се обелодени во јавноста доколку има одреден пропуст. Но, јас знам дека сите наши граѓани ко што се на издржување на казна после одреден период од издржувањето на казната имаат право на викенд, на одреден одмор, имаат право секогаш во издржување на казната и на здравствено лекување, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање. Тој уверува дека во случајот со Кичеец ниту некој имал намера да прави некои протекции, ниту да се дава нешто повеќе од тоа што е вообичаено. -Јас сум информиран првпат со објавувањето во јавноста дека имал Зоран Милески право на користење на тој прекин на казна заради здравствени потреби. На крајот се доинформирав од директорот на Управата за извршување на санкции. Но, ве повикувам навистина до крај да ги обелодените сите факти, рече Заев. сст/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан