Китански: Во тек изградба на патишта во селските средини
- Почна изградбата на крак од улица број 1 во село Чифлик, Општина Пехчево. Со реализација на овој проект, како што истакна градоначалникот на Пехчево Александар Китански, значително ќе се подобри пристапноста на жителите до своите домови.

Пехчево, 29 март 2024 (МИА) - Почна изградбата на крак од улица број 1 во село Чифлик, Општина Пехчево. Со реализација на овој проект, како што истакна градоначалникот на Пехчево Александар Китански, значително ќе се подобри пристапноста на жителите до своите домови.
- Во тек е изградба на локални патишта во селските средини, конкретно во село Чифлик. Изградбата на крак од оваа улица, исто така така брз и безбеден транспорт на материјални ресурси, подобрување на квалитетот на живот и поттикнување на економските активности во селото, истакна Китански.
За реализација на овие активности, како што додаде, се обезбедени 1,3 милиони денари.
-Улицата број 1 со крак 1 е во должина од 369 метри, односно улицата број 1 е во должина од 231 метри, а должината на кракот 1 изнесува 138 метри. Финансиските средства за реализација на овој проект се обезбедени дел од страна на Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој и дел од страна на Буџетот на Општина Пехчево, додаде Китански.
Очекува работите да завршат до крајот на март. вс/мд/