• сабота, 16 ноември 2024

Кисинџер гледа промена во стратешката ситуација на Блискиот Исток по вклучувањето на Кина

Кисинџер гледа промена во стратешката ситуација на Блискиот Исток по вклучувањето на Кина

Вашингтон, 17 март 2023 (МИА) - Поранешниот американски државен секретар, Хенри Кисинџер, во интервју за „Вашингтон пост“ оцени дека договорот за нормализирање на односите меѓу Саудиска Арабија и Иран, постигнат со посредство на Кина, претставува значајна промена на стратешката ситуација на Блискиот Исток.

-Ова го гледам како значајна промена на стратешката ситуација на Блискиот Исток, изјави поранешниот шеф на американската дипломатија.

„Во последните неколку години Кина најави дека мора да учествува во создавањето на светскиот поредок“, додаде најважниот креатор на американската надворешна политика во 60-70-тите години на минатиот век. „Сега таа го направи важниот исчекор во таа насока“, додаде Кисинџер.

Поранешниот државен секретар истакна дека Кина игра се поважна улога на Блискиот Исток. Зборувајќи за мерките што Израел ги презема против Техеран, Кисинџер нагласи дека „сега ќе треба да се земат предвид интересите на Кина при притисокот врз Иран“.

Кисинџер беше државен секретар на САД во периодот 1973-1977 година, а во периодот 1969-1975 година бил помошник на претседателот на САД за прашања на националната безбедност. сд/

Остани поврзан