• недела, 22 декември 2024

Кириленко: Русија се обидува да ги окупира клучните градови во Доњецк

Кириленко: Русија се обидува да ги окупира клучните градови во Доњецк
Киев, 2 јуни 2022 (МИА) - Руските сили во источна Украина се обидуваат да навлезат на југ и да ги окупираат Краматорск и Славјанск, клучните градови во Доњецк, изјави денеска гувернерот на регионот, Павло Кириленко. „Фронтовите Лиман и Изум се главните области од кои непријателот се обидува да навлезе за да ги окупира териториите на Славјанск и Краматорск, кои се (негови) клучни цели на северот од регионот“, изјави гувернерот Кириленко. Краматорск е де факто главен град на регионот Доњецк од 2014 година, откако градот Доњецк беше окупиран од проруските сепаратисти. Кириленко рече и дека 340.000 жители останале во делот на регионот под контрола на Украина, од вкупно 1,67 милиони жители пред војната. паг/  

Остани поврзан