• четврток, 30 јануари 2025

Кипарската Влада уверува дека летовите од и кон Кипар се безбедни

Кипарската Влада уверува дека летовите од и кон Кипар се безбедни

Никозија, 28 јануари 2025 (МИА) – Сите летови од и до аеродромите во Пафос и Ларнака се безбедни, истакнал алтернативниот портпарол на Владата на Кипар Јанис Антониу за кипарската новинска агенција ЦНА, откако вчера беше објавено дека службата за внатрешна безбедност на Израел издала упатство до израелските авиокомпании да ги откажат летовите кон градот Пафос, јави дописничката на МИА од Атина.

Антониу потсетил дека конкретните мерки се однесуваат исклучиво на авиокомпании од Израел.

Како што вчера објави МИА, од амбасадата на Израел во Република Кипар за ЦНА, рекле дека „поради различни безбедносни прашања, донесена е одлука израелските авиокомпании привремено летовите од и до Кипар да ги вршат во Ларнака“, но и дека „ситуацијата ќе продолжи внимателно да се следи и проценува во целосна соработка со локалните власти“.

Кипарските медиуми, повикувајќи се на информациите во медиумите во Израел пишуваат дека вонредните мерки на израелските тајни служби што се однесуваат на летовите до туристичкиот приморски град Пафос, се очекува да бидат повлечени во текот на викендот. ср/сд/

Остани поврзан