• петок, 22 ноември 2024

Кипарската Влада одобри имунизација со ажурираната вакцина против Ковид-19

Кипарската Влада одобри имунизација со ажурираната вакцина против Ковид-19
Никозија, 14 септември 2022 (МИА) – По препорака на Министерството за здравство, Владата на Кипар одобри имунизација со ажурираната вакцина против Ковид-19, прилагодена за заштита и од варијантата Омикрон, што ќе се прима како трета или четврта доза, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Кипар соопштија дека Владата одобрила бустер, односно трета доза од вакцината за сите лица над 12 години и втора бустер, односно четврта доза за граѓаните над 30 години, за здравствените работници, за вработените во домови за стари лица, како и за сите со сериозни здравствени проблеми. И во двата случаи, за да се прими вакцината потребно е да е поминат период од пет месеци по претходната доза, за третата и четвртата доза. Во следните денови, според Министерството, ќе бидат соопштени детали и дополнителни информации за процесот на имунизација. ср/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан