• петок, 22 ноември 2024

Кинескиот специјален пратеник уверува дека Пекинг ќе преземе конкретни напори за воспоставување мир во Украина

Кинескиот специјален пратеник уверува дека Пекинг ќе преземе конкретни напори за воспоставување мир во Украина

Пекинг, 27 мај 2023 (МИА) - Кина ќе вложи конкретни напори за изнаоѓање политичко решение за украинската криза, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, цитирајќи го специјалниот пратеник Ли Хуи.

Кина отсекогаш се придржувала до објективен и праведен став за прашањето за Украина, се залагала за мир и разговори, му порачал Ли на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Ли, специјален претставник на Кина за евроазиски прашања и поранешен амбасадор во Русија, одржа средби со Лавров и неговите заменици Андреј Руденко и Михаил Галузин.

Двете страни размениле мислења за кинеско-руските односи и политичкото решение на украинската криза и се согласиле дека неодамнешната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва дополнително ја продлабочи меѓусебната политичка доверба, наведува кинеското Министерство.

Посетата на Ли на Русија дојде на крајот од турнејата низ неколку земји. Пекинг соопшти дека неговата цел е да разговара за „политичко решение“ за ставање крај на конфликтот. Тој имаше средба и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ли рече дека Кина ќе ја зајакне размената и дијалогот со сите страни, вклучително и Русија, се вели во соопштението на Министерството.

„Кина отсекогаш ги следеше целите и принципите на Повелбата на ОН, се придржуваше до објективен и праведен став, активно се залагаше за мир и промовираше преговори, одлучуваше за сопствената позиција според суштината на самата работа и секогаш цврсто стоеше на страната. на мирот и дијалогот“, истакна Ли. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан